Мек Грегор во новогодишната честитка откри радосна вест!

Најславниот ММА борец во светот Конор Мек Грегор честитајќи им ја Новата година на своите фанови откри дека во 2019 година по втор пат ќе стане татко. Тоа го направи преку социјалните мрежи објавувајќи слика со неговата девојка Ди Девлин, при што е забележително дека таа е бремена.

„Среќна Нова година на сите! Во 2019 година ќе го добиеме најдобриот подарок од сите“, напиша Мек Грегор.

Неговиот прв син, Конор Џек Мек Грегор Јуниор е роден на 5 мај 2017 година. Не е познато кога е терминот за раѓање на новата принова во семејството.

За само еден ден објавата на Мек Грегор собра повеќе од 3,5 милиони „лајкови“.

https://www.instagram.com/p/BsEaCDsDLCS/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО