Шарло: Прво ќе го средам Канело, за да се опорави Головкин од она што го помина

Привремениот шампион на ВБЦ во средна категорија Жермел Шарло (27-0, 21 КО) тврди дека најголемите ѕвезди на категоријата Канело и Генади Головкин го избегнуваат.

28-годишниот тексашанец овој викенд, се бори против рускиот левак, поранешниот двократен светски аматерски шампион Мет Коробов (28-1, 14 КО).

Коробов го замени првично планираниот противник Вили Монро, кој падна на допинг тестот.

Шарло за време на конференцискиот разговор рече дека ќе покаже зошто Канело и ГГГ го избегнуваат, додавајќи дека на крајот и двајцата „ќе мора да му одговораат на Жармел Шарло“.

Во интервју за Фајт хип го нарече Канело „Цинамон“ (англиски превод за цимет, прекарот на Мексиканецот поради цренишкавата коса).

„Алвери се плаши. Каде е тој Цимет? Веќе подолго време го прозивам и крајно време е да се удостои и да им го даде на луѓето она што го сакаат. Луѓето сакаат јас и брат ми да се бори со најдобрите во светот. Сметаме дека сме најдобри во светот. Престани да се криеш зад Оскар де ла Хоја. Појасите го докажуваат рангирањето. Ние сме број еден во светот“.

„ГГГ станува се постар, така што кој ќе биде следниот што ќе сее страв во категоријата? Канело? Прво ќе го средам Канело, за да се опорави Головкин од она што го помина. Но, ќе се видме што е следното што ќе го прават. Ние сме тука за да бидеме главни во категоријата“.

Борба со Канело на сите е во интерес поради големата заработувачка, така што Шарло го игнорира отворениот повик на шампионот на ИБФ во средна категоирја Даниел Џејкобс, кој со месеци го повикува на борба.

На настанот во Њујорк ќе боксира и неговиот брат близнак Жермел (31-0, 15 КО) кој против Рони Харисон (27-2, 21 КО) го брани појасот на ВБЦ во супервелтер.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON