Европскиот шампион во таеквондо Дејан Георгоевски денеска доби искрени честитки за успехот од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на приемот што го организираше во негова чест за освоениот златен медал на Европското сениорско првенство за олимписки категории во Софија, Бугарија.
„Ова е огромен успех за македонското таекводно, бидејќи Дејан стана шампион во олимписки спорт и ја најави кандидатурата за Олимписките игри во Токио 2020 година
Му посакувам огромен успех и продолжуваме со поддршка на нашите успешни спортисти кои не прават особено горди“, рече Каевски и додаде дека ќе се потруди и Дејан Георгиевски да влезе на листата за најуспешен спортист во 2017 година која во четвртокот беше објавена.
Ако има бирократски процедури и европски шампион не се најде во најстесниот избор за најдобар спортист на Македонија, спортот ќе претрпи голема штета, посебно такевондото и ќе се изгуби смислата за реалност.
Од друга страна, директорот на АМС истакана дека со овој резлутат Дејан Георгиевски влегува во програмата на Агенцијата од идната година со која сите олимписки кандидати ќе бидат под закрила на оваа Агенција.
Ipon.mk/В.Д.