Шампион најуспешен клуб на „Трофеј Белград“

Кик бокс клубот Шампион од Скопје е прогласен за најуспешен клуб на Меѓународниот куп „Трофеј Белград“, освојувајќи 12 медали – 7 злата, 2 сребра, 3 бронзи.

Викторија Варадинова е прогласена за најдобар борец на татами со освоените две злата во категориите до 60 и до 65 килограми.

Тренерот на клубот, Дејан Митровски – Урко, истакнува дека напорните тренинзи секогаш се исплаќаат и носат неизбежни резултати.

„Штета што голем дел од искусните фафорит борци од КБК Шампион се опоравуваат од здобиени повреди, како Бобан Илиовски, Марко Тодоров, Миа Тодорова, Петар Миовски, кои во изминатиов период се исфорсираа со настани и оваа пауза им беше потребна“, конастатира тренерот на Шампион, Дејан Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON