Камерунско-францускиот боксер Кристијан М’били се насочи кон борбата за титулата против Канело Алварез, откако го победи Рохан Мардок преку прекин во шестата рунда на настанот во Квебек во саботата.
Непоразениот 28-годишен Кристијан го задржа појасот на ВБЦ Континентал и ВБА Интернационал со 26-та победа (22 нокаути) во кариерата.
М’били доминираше во текот на целата борба, а неговиот квалитет беше особено изразен во петтата рунда, кога од аголот на Мардок беа подготвени да го фрли пешкирот.
Откако шестата рунда заврши во целосна доминација на Камерунецот, ривалскиот тим реши да го предаде мечот.
„Вечерва испратив порака. Јас сум иднината на категоријата. Тоа беше денешната порака“, рече Кристијан М’били и додаде:
„Мардок е силен. Добро ги прифати сите мои удари. Мислам дека можеше да биде нокутиран во следната рунда, па затоа е добро за него што неговиот тим реши да ја заврши борбата. Тој е добар борец, но јас бев подобар“.
Тој не ја крие желбата за борба против мексиканската ѕвезда Канело Алварез, во која би имал можност да ги освои сите четири појаси во суперсредна категорија.
„Канело е најдобар, тоа сите го знаат. Но, сега сакам да покажам дека сум најдобар во дивизијата. Целта ми е да се борам со него. Би направил се ако можам да го победам тој меч“.
Канело последен пат се бореше во септември минатата година кога го победи Џармел Шарло – Се уште не е познато кој би можел да биде неговиот следен противник.