Шакур Стивенсон успешен во дебито во лесна категорија, со прекин во шестата рунда славеше против Јошина (ВИДЕО)

25-годишниот американски боксер Шакур Стивенсон ја продолжи победничката серија. Сребрениот олимпиец од Игрите во Рио 2016 година убедливо стигна до 20-та победа во професионалната кариера.

Во мечот во лесна категорија во Прудентал центарот во Њуарк (Њу Џерси), Стивенсон го победи Јапонецот Шуичиро Јошино со прекин во шестата рунда.

Шакур во одличен настап покажа дека е голем борец и за класа подобар од противникот кој до тој меч беше непоразен.

Стивенсон го собори во втората и четвртата рунда, а во шестата судијата во рингот доволно виде за да го прекине мечот.

Американецот доминираше уште со првиот удар во гонгот, а судијата оцени дека јапонскиот борец не може да понуди повеќе од тоа што го покажа до тој момент.

Шакур уште еднаш прикажа неверојатна брзина и прецизност, а со разни комбинации му создаваше проблеми на противникот.

Тоа беше негово успешно деби во лесна категорија, во која се искачи откако падна на мерењето пред мечот против Робсон Консеисао и ја загуби титулата.

Стивенсон беше сопственик на појасите на ВБО и ВБЦ во супер перо категорија.

Со победата против Јошино стана задолжителен предизвикувач на ВБЦ за титулата и го чека исходот од мечот меѓу шампионот Хејни и Ломаченко кој е закажан за 20 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON