Шакур Стивенсон стана светски првак со победата над братот на неговата девојка (ВИДЕО)

Младата боксерска ѕвезда Шакур Стивенсон (13-0, 7 КО) ја освои својата прва светска титула.

22-годишен Американец пред нешто помалку од 3.000 гледачи во Рено, Невада, во мечот за испразнетата титула на ВБО во категоријата до 57,5 килограми го совлада Џоет Гонзалез (23-1, 14 КО).

Сите судии му дадоа 11 од 12 рунди за победа од 119-109.

Интересно е што сребрениот олимпиец од Рио е момче на сестрата на Гонзалез, а нејзиното семејство ја прекина врската со неа.

Откако Оскар Валдез ја ослободи титулата и реши да ја подигне тежината, ВБО за мечот заослободената титула ги одреди двајцата боксери од врвот на ранг-листата на предизвикувачи – 1.Стивенсон и 2.Гонзалез.

https://www.youtube.com/watch?v=EDeQFAc-aXw
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON