Шакур Стивенсон се враќа на 12 декември

Шакур Стивенсон ќе се врати во рингот на 12 декември. Тој ќе се сретне со Тока Кан Клери, пренесува ЕСПН.

Клери има 28 победи и 2 порази. Неговиот последен пораз беше во 2016 година, кога Либериецот беше нокаутиран од Џон Џемино.

„Шакур е млад, талентиран борец. Ова е одличен меч. Јас сум малку постар и поискусен. И двајцата имаме брзи раце и добра работа со нозете, но мислам дека мојата моќ на удирање е поголема. Многу од борците со кои се борел стоеја пред него и не го притискаа“, рече 28-годишниот Кан Клери.

Непоразен на 14 професионални натпревари, Стивенсон ќе го одработи вториот меч во категоријата до 59 килограми, откако ја ослободи титулата на ВБО без да ја брани. Тој успешно дебитираше во оваа категорија во јуни, кога убедливо го победи Феликс Карабало.

Портпаролот на Топ ранг и менаџер на Шакур Стивенсон, Карл Морети, за ЕСПН изјави дека Клери, кој е возач, ќе послужи да го подготви Стивенсон за идната борба со Васили Ломаченко или Џо Дијаз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON