Легендарен ММА борец: Можам да издржам средба со Мајк Тајсон

Легендата на мешаните боречки вештини и победник на УФЦ 6, Олег Тактаров верува дека е во состојба да се справи со легендарниот Мајк Тајсон на еден боксерски меч меѓу нив.

„Можам да го издржам Тајсон, можам да го издржам! Знам дека ако можам да го издржам Џејмс Тони, сигурно ќе го издржам и Тајсон. Можам да се справам во боксерски меч. Јасно е дека ќе треба да тренирам напорно, сигурно три месеци. И да се подготвам за правилно поставување на рацете при обид за аперкат. Тоа е единственото нешто кое никогаш не сум бил во можност да го направам“, рече Тактаров.

„Не велам дека можам да го победам. Тоа е веројатно невозможно. Од друга страна, ако сум поотпорен, зошто да не? Но, можам да издржам битка со Тајсон“, додаде Русинот.

На 29 ноември „Ајрон Мајк“ треба да се врати во рингот за да се бори со уште еден легендарен боксер Рој Џонс Јуниор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО