Шакур Стивенсон и Теофимо Лопез славеа во њујоршкиот МСГ (ВИДЕО)

Младите ѕвезди Шакур Стивенсон и Теофимо Лопез боксираа во воведниот дел на настанот Крофорд-Хан во њујоршкиот Медисон сквер гарден.

21-годишниот Стивенсон (11-0, 6 КО) за прв пат избоксира 10 рунди. Притоа го надбоксира поранешниот предизвикувач за титулата светски шампион во суперперолесна категорија Кристофер Дијаз (24-2, 16 КО). Овој меч беше во перолесна категорија, а сребрениот олимпиец славеше со едногласна одлука – 100-90, 99-91 и 98-92.

 21-годишниот Теофимо Лопез (13-0, 11 КО) во мечот во лесна категорија со десен директ во телото во петата рунда го нокаутира Косоварот со финско државјанство Едис Татли (31-3, 10 КО)

https://www.youtube.com/watch?v=MXJ2e0wZsws
https://www.youtube.com/watch?v=2pIAtuE9avM

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON