Две од најсветлите ѕвезди во боксот, Шакур Стивенсон (21-0) и Наоја Инуе (26-0), наскоро би можеле да се сретнат во рингот, откако Американецот реши да предизвикa Јапонецот, но под услов да се искачи во неговата дивизија, објави Punsh Drunk Boxing.
Во моментов ги делат три тежински категории, што би било премногу дури и за неприкосновен шампион од рангот на „Чудовиштето“.
Изгледа дека Стивенсон сфаќа оти очајно му треба големо име на неговата визит-карта, бидејќи се чини дека е изолиран од останатите боксери на врвот на пирамидата.