Сребрен олимпиец Шакур Стивенсон дојде до првата борба за титулата професионален првак на светот.
22-годишниот Американец ќе се бори за испразнетата титула на ВБО во перолесна категорија.
Титулата ја ослободи Оскар Валдез (26-0, 20 КО) кој наместо да се бори против Стивенсон реши да се подигне во суперлесна категорија.
Светската бокс организација (ВБО) му даде рок на Стивенсон тој и неговиот промотор Топ ранг за 30 дена да се договорат за борба со следниот највисокорангиран предизвикувач Хоет Гонзалез (23-0, 14 КО).
Стивенсон како аматер двапати боксираше во ВСБ/WSB. Nа Олимписките игри во Рио 2016 година стигна до финалето во бантам категорија каде загуби од Кубанецот Робиси Рамирез. Професионална кариера ја почна во април 2017 година.