Како и што се очекуваше, фаворитите и претенденти за медали ги совладаа македонските борачи на Светското првенство во борење за У-23 во Белград, Србија, а само Серхан Шакиров извојува победа против Нфатали Хоровиц од Израел 15-5. Во следното коло Шакиров загуби од Симон Мархл од Австрија со технички туш 0-10, без шанса за репасаж.
Столе Ефтимов е поразен од фаворитот за златото Азмат Закуев од Русија 0-10, затоа нашиот борач утре ќе има поправен испит во репасажот со Узбекистанецот Рустам Шадиев. Ако го помине Узбекистанецот, тогаш ќе се бори за бронзен медал.
И Увејс Весели загуби од подобриот борач од Бугарија, Георги Иванов, кој, пак, беше немоќен против Русинот Саипудин Магомедов од Русија и доживеа пораз од 8-3. Со поразот пропаднаа надежите за репасаж на Увејс.
Вчера Аид Салихаси загуби со технички туш од Мунх Батхујаг (Монголија) 0-11.
На СП во Белград ќе настапат 620 борачи од 58 држави.
Резултати – Светско првенство У-23:
57 кг Аид Салихаси – Мунх Батхујаг (Монголија) 0-11 (TT)
74 кг Серхан Шакиров – Нафтали Хоровиц (Израел) 15-5
74 кг Серхан Шакиров – Симон Мархл (Австрија) 0-10 (ТТ)
92 кг Столе Ефтимов – Азмат Закуев (Русија) 0-10 (ТТ)
Репасаж
92 кг Столе Ефтимов – Рустам Шодиев (Узбекистан)
125 кг Увејс Весели – Георги Иванов (Бугарија) 2-12 (ТТ)