Шабан Трстена: Секој спортист треба да се бори до последната секунда, само тако може да биде победник во секоја игра/борба! (ФОТО)

Минатите три недели македoнската јавност беше преокупирана со Европското првенство во ракомет во Хрватска и настапот на нашата репрезентација, токму моментите кога се одлучуваше победникот, а кои многу ќе значеа за македонската селекција, се осврнува олимпискиот шампион Шабан Трстена со една порака.

„Човекот кој се предава лесно никогаш не победува, а победникот никогаш не се предава“, истканува Трстена!

Тој се потсетува на моментите кои можеа неговата кариера да ја однесат во неповрат и враќањето од бездната до триумфални моменти од безнадежната ситуација.

„Оваа фотографија е сведоштво за нешто такво со тренерот на репрезентацијата Насе Насев на Светскиот шампионат за сениори во 1982 година во Едмонтон, Канада. Кога во мојата група имаше големи светски борачи, а надежите беа мали. Малку е проблематично да се размислува за успех, а ќе додадам дека во мојата спортска душа воопшто не ја губам надежта. Признавам, заборавив дека борачите беа големи светски шампиони. И покрај поразот од 2-1, во првото коло се соочив со четирикратниот светски шампион Русинот Сергеј Корнилаев, а во второто со европскиот шампион од Унгарија, Ласло Биро. По првата рунда резултатот беше 8-2 во корист на Унгарецот, ако загубев, тоа ќе значеше елиминирање од натпреварите и ќе бев само гледач на шампионатот. Јас дури немав дилема, иако теоретски оваа борба беше загубена во првата рунда, речиси безнадежна, решително влегов во втората рунда. Со тренерот Насе Насев ги сменивме тактиката и техниката на мојата борба, од што противникот беше изненаден. Се борев како лав до последните секунди. Оваа втора рунда, се уште, дури и денес, ја сметам за историска победа на 17-годишно момче, бидејќи во оваа битка направив изненадувачки и неповторлив пресврт, што ретко може да се види на вакви првенства. Една борба која веќе од цел свет, дури и од експерти на овој великодушен спорт, се сметаше за изгубена, но, зачудувачки, конечниот резултат беше 18-10 во корист на 17-годишното момче од Скопје. Со оваа голема победа останав во игра на Светското првенство за медал, каде што ме чекаа уште три големи борби до бронзениот медал“, раскажува Шабан Трстена за миговите пропаст и подем и додадва:

„Во трета борба се соочив со олимпискиот шампион, Италијанецот Клаудио Полио, кој претрпе голем пораз од мене со многу голема разлика од 9-3. Ова ми беше важна победа во кариерата. Подоцна, во текот на четвртата борба, исто така познатиот и многу силен корејски борач, светскиот шампион Сон Габо До, беше фатален. И, конечно, бронзен, со резултат од 3-0. Тоа беше импресивна победа за мене. На патот кон успехот немаше кој да ме спречи, без обѕир што имав уште една силна борба за бронзениот медал, која беше за историскиот бронзен медал. Успев да го победам дури и светскиот борач каков што е Мохамед Бзмавар од Иран, носител на сребрен медал на Светското првенство во Сан Диего, со резултат 5-0 и со туш, по овие четири јаки борби. Сите борби си имаа свое значење, бидејќи во секоја од нив се соочив со многу моќни борачи од светски калибар. И, се разбира, морав да развивам соодветни стратегии и техники за секоја борба, кои имаат своја приказна, при што се троши многу енергија и бескрајно многу пот до победите. Весниците и експерти од целиот свет оваа борба ја оценија како најквалитена, најспектакуларна, по која нема да се заборави Светското првенство. Секој спортист треба да се бори, да издржи до последна секунда, само тако може да биде победник во секоја игра/борба“, зкалучува олимпискиот шампион.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON