Сепак, еден наш борач ги оправда очекувањата на силниот меѓународен турнир „Јашар Догу“ во Турција и беше најдобар-ѕвезда.
Нормално, ѕвезди може да бидат само шапионите, оние најдобрите, а во нашиот репрезентативен состав тоа беше олимпискиот шампион Шабан Трстена.
Трстена беше најбарана личност на турнирот. Сите сакаа да се сликаат со него, да се поздрават, да разговараат. Медиумите не го испуштаа од око, делеше интервјуа, автограми.
Се сртена со многу колеги, но и идни шампиони. Доби признание од Турската федерација, а тој беше еден од гостите кој ги доделуваше медалите.
Шампионот си останува шампион!
Ipon.mk/В.Д.