За најдобар колектив во универзитетски спорт синоќа на „Спортист на Македонија 2016“ беше избран женскиот карате тим од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј – Скопје” кој го сочинуваат каратистките на Макпетрол – Наташа Стефановска, Симона Заборска, Моника Стефановска и Сара Радичевска предводени од селекторот Бошко Заборски.
„Ова признание многу ни значи, затоа што, како веќе докажана женска екипа на официјалните првенства покажуваме дека, иако е напорен подвиг, сепак успеваме да го вклопиме и образованието со врвниот спорт. Честитки до сите добитници на спортскиот оскар и се надеваме на уште поголеми успеси наредната година“, вели Наташа Сетфановска од името на целата екипа.
Да потсетиме дека Македонија го освои бронзениот медал во борби на Светското универзитетско првенство во карате во Брага – Португалија. Всушнот, тоа беше третиот медал за нашите студенстки, отккао во поединечна конкуренција на Наташа Стефановска и Симона Заборска ги освоија сребрените медали.
Во клучната борба за медалот беше совладана Норевшка на поен разлика, бидејќи мечот заврши 1-1. До репасажот стигнаа со победата над Велика Британија 2-1. Претходно македонската студентска карате репрезентација екпино извојува две победи против Мексико 2-1 и Словачка 1-0, а за пласман во полуфиналето беше поразена Египет со 1-0.
Ipon.mk/В.Д.