Серхан Демиров ќе се задоволи со сребрениот медал на Меѓународниот боксери турнир на „Младинска златната ракавица“ во Сомбор, Србија, бидејќи синоча во финалето со Немања Поповиќ од Босна и Херцеговина во категоријата до 91 килограм загуби со тесна разлика на поени.
Демиров во финалето обезбеди директен пласман. Претходните денови не беа добри за нашите репрезентативци, затоа што и преостанатите тројца боксери се поразени. Бобан Мијалев (-52 кг) загуби на поени од Словенецот Прохор Разанов Мијалев, Емет Зулали (-63 кг) од хрватскиот боксер Леон Мајсторовиќ, а Хурмет Јонузов (-75 кг) од Филип Џиниќ од Србија. Јонузов и Џиниќ покажале добар бокс, а српскиот репрезентативец славел сопрекин на судиите.
И покрај поразите Хурмет Јонузов и Бобан Мијалев освоија бронзени медали.
На турнирот настапуваат 70 натпреварувачи од Србија, Македонија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина.
Ipon.mk