Сергеј Ковалев се враќа во рингот по двегодишна пауза

Поранешниот светски шампион во полутешка категорија, Сергеј Ковалев, изненадувачки ќе се врати во рингот кон средината на март.

Русинот, кој последен пат беше виден меѓу јажињата на крајот на 2019 година, на 12 март во Лос Анџелес, САД, ќе се бори со непоразениот Кинез Фанлон Мен.

Гала вечерта е во организација на компанијата „Трилер фајт клуб“, а учесници на главниот настан ќе бидат Ковалев и Мен. Битката ќе се одржи без категорија, бидејќи дозволената граница за двајцата е 83,9 килограми.

38-годишниот Русин го загуби последниот меч против Канело Алварез, а по лошиот настап во тоа време многумина со право помислија дека ова е крај на неговата професионална кариера.

33-годишниот Азиец со обратен гард не се борел од октомври 2021 година, кога ја забележа 17-та последователна победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО