Сепак, борбата меѓу Веласкез и Вердум е откажана, Вердум го одби ЖДС

velaskez-verdum-borba

Завчера се појавија информации дека Каин Веласкез поради повреда ја откажал борбата против Фабрицио Вердум на УФЦ 207.

Американскиот веднаш ја негираше веста и ја прогласи гласина.

Но, Брет Окамото од ЕСПН објави дека Спортската комисија на Невада му забрани настап на Веласкез на 30 декември од медицински причини.

Во нивната прва борба во 2015 година Бразилецот го доби со гилотина.

Откако се појавија првите информации дека Каин можеби нема да може да настапи, Жуниор дош Сантош изјави дека е подготвен да се вклучи и повторно да се бори со Вердум.

ЖДС преку Твитер објави дека УФЦ навистина му понудила борба со Вердум, но дека овој ги одбил.

Веласкез на социјалните мрежи објави, колку што знае тој, борбата не е откажана.

Во интервјуата во пресрет на реваншот со Вердум, Веласкез повеќе пати повтори дека ќе оди на операција само по пет дена по мечот. Си помогнал со масло од канабис за време на тренинг кампот за ублажување на болките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON