Пред неколку дена претседателот на УФЦ Дана Вајт за мечот меѓу Жорж Сент Пјер и Мајкл Биспинг зборуваше дека „тој брод отпловил“. Денес ситуацијата е сосема поинаква. Но, тоа е нешто на што се навикнавме од челниците на УФЦ. Ретко кој неговите изјави се уште ги сфаќа сериозно, а она што ќе го изговори често го демантира неколку дена подоцна.
„Овој брод се сврте и доплови назад“ рече Вајт на прес-конференцијата по УФЦ 214 демантирајќи се самиот себе и изјавата што ја даде на почетокот на минатата недела.
Проблемот за УФЦ секако е повредата на привремениот шампион Роберт Витакер кој се повреди на средбата против Ромеро, по се изгледа дека го чека подолга пауза. УФЦ во новонастанатите услови и нема многу избор, а кога на тоа ќе се додаде и фактот дека Биспинг и ЖСП (GSP) сакаат меѓусебен меч, елитната промоција мораше да го промени ставот.
Вајт исто така откри дека победникот од Биспинг – Сент Пјер ќе се бори против привремен шампион за обединување на титулата. Датумот засега е непознат.
Но затоа е познат датумот на дуелот Биспинг – ЖСП. Според извори кои ги има познатиот новинар Ариел Хелвани, оваа борба би требало да се одржи на 4 ноември во Медисон сквер гарден во Њујорк.
Иако УФЦ не ја потврди оваа информација, се чини дека таа е веројатно и логична.