Се извинуваме за веста дека Петар Заборски остварил сезационална победа против легендата на денешното карате, Рафаел Агаев, на Карате 1 Премиер лигата во Истанбул за бронзениот медал.
Системот за известување за победник го прогласи Петар, но тој интервенираше и ни соопшти дека загубил со 4-1.
Заборски кој загуби во првото коло во силната конкуренција во категоријата до 75 килограми од Ерман Елтемур од Турција на изјаснување по 0-0. Бидејќи Елтемур се пласира во финалето, го повлече каратистот на Макпетрол во репасажот каде што Заборски беше брилијатен.
Петар во првата борба го Сара Мурахидине од Алжир 3-2, потоа и нашиот Иво Цветковски со истиот резултат и во најтешката борба е поразен од Агаев со 4-1, иако Заборски го имал, бидејќи две минути имал водство од 1-0.
Ipon.mk/В.Д.