Сензационална борба на Дејан Митров против светскиот првак Сафаријан,правилата му ја земаа славата!

DejanMitrov Safarijan na EI

Правилата му ја земаа сензацијата на Европските игри на Дејан Митров.

Тој утринава се бореше одлично и без респект кон светскиот и европски првак Давид Сафаријан од Ерменија. Средбата заврши нерешено 2-2. Но, поради тоа што Сафаријан во една акција освои два поена, а Митров во две акции по еден поен, судиите му ја доделија победата на Ерменецот, што е според правилата.

Иако нашиот Митров беше поактивен и последен освои поен  ( светскиот првак имаше дури и 2 јавни предупредувања), судиите му ја доделија победата на противникот, поради тоа што тој извел акција, што се бодува со 2 поена , а Митров освоил два пати по 1 поен.
Во секој случај, Митров прикажа одлична борба и беше на прагот на најголемата сензација. Сега се зависи од Сафаријан, дали ќе ги победи сите противници и ќе се најде во финалето. Ако се случи тоа, а многу веројатно е дека може, Дејан Митров повторно ќе излез на душекот, преку репасажот, и ќе се обиде да стигне до висок пласман.

Сега сите погледи ќе бидат насочени кон борбите на Сафаријан.

Дополнување: Сафаријан загуби од Бугаринот Новачков со 8-6 во 1/8 финалето.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON