Сензационален пораз на најдолговечниот шампион Теди Ринер пред својата публика во Париз

Теди Ринер конечно е поразен по неверијатната 10-годишна доминација и 154 победи по ред, а за двојниот олимписки шампион неуспехот стаса во незгоден момент и на незгодно место.

Во Париз пред негова публика француската џудо легенда загуби од Јапонецот Кокоро Кагуера во година која е олимписка.

Image

Ринер е еден од најдолговечните активни шампиони во било кој спорт, а серијата од 154 победи е импресивна. Во периодот од септември 2010 година кога го претрпе последниот пораз до денеска францускиот ас освои две олимписки злата, дури 8 пати беше светски првак и петпати ја освојуваше европската круна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО