Сензација: Ентони Џошуа побара меч со Владимир Кличко

entoni-dzosua-i-klicko

Ентони Џошуа побараа меч со Владимир Кличко, иако досега бираше со кого ќе се сретне, а Украинецот не беше на неговата листа.

Џошуа,кој е светски првак на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ/IBF) одлучи да го искористи одложениот  меч меѓу Кличко и Тајсон Фјури.

Британецот има закажано натпревар во Манчестер на 26 ноември, но се уште нема ривал, додека Кличко требаше на 29 октомври да се бори со Фјури.

„Владимир е разочаран поради повторно одложената средба со Фјури. Тој е заложник на Тајсон Фјури. Владимир сака да се бори, тој тренира, а во овој момент измина речиси една година од нивната средба, изјави Бернд Бонте, агентот на Украинецот.

Од таборот на поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија ја резервирале „Беркликард арената“ во Хамбург за 10 декември, надевајќи се дека реваншот со Фјури ќе се одржи. Во спртивен случај, тие ќе бараат друг противник, кој може да биде токму Ентони Џошуа.

Ако дуелот Џошуа – Кличко се оствари, Украинецот ќе има можност да врати еден од појасите кои ги загуби од Фјури пред можната нова битка догодина.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON