Сензација – марихуната на Мајк Тајсон ќе ја спасува Барселона

Барселона е очајна и требаат пари а утеха и спас бараат во Флорентино Перез и  Мајк Тајсон, кои сакаат да вложат пари со цел да се смени името на стадионот „Камп ноу“. Најавено е дека дел од приходите ќе одат во касата на Барса, а другиот дел во битката против пандемијата со Ковид-19. Барса е во криза, па одлучи да го продаде името на својот стадион, барем за една година.

И сега на помош доаѓа никој друг туку „Железниот Мајк“, и неговите пари кои се заработени во бизнисот со производство на канабис, од што се добива марихуана.

 „Тој е голем, светски познат стадион, па затоа одлучивме на тој начин да ја промовираме нашата компанија, тоа е супер идеја. Нашата компанија се занимава со производсво на канабис, а познато е дека во Шпанија, кога е во прашање марихуаната законите се либерални“ изјави Алки Дејвид, соработникот на Тајсон во бизнисот со канабисот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО