Овинс Сент Про недвосмислено го победи Алонсо Менифилд во борбата во тешка категорија на УФЦ Фајт најт 176 на УФЦ институтот во Лас Вегас. Хаитецот го нокаутира противникот во втората рунда и со тоа ја забележа 25-та победа во ММА и 12-тата со нокаут.
На почетокот на мечот, Менифилд започна агресивно, упати неколку точни удари кон противникот, притискајќи го на мрежата за момент, но Сент Про не изгледаше особено загрижен. Хаитецот одговори со неколку точни крошеа, а потоа ја презеде контролата на мечот со удари од дистанца во телото на противникот. Сепак, на крајот од рундата, Американецот направи тројна комбинација на удари, што го здрма Сент Про, кого го спаси сирената.
#UFCVegas9 Official Result: @003_OSP defeats Alonzo Menifield by KO at 4:07 in Round 2.
Results: https://t.co/HA4zEFhMM7 pic.twitter.com/wtAvSsvJbk
— UFC News (@UFCNews) September 6, 2020
Во втората рунда, 37-годишниот борец продолжи да се потпира на удари, за да го оддалечи противникот. Менифилд изгледаше премногу пасивен.
Во еден момент 32-годишниот Американец реши да нападне и тоа беше лоша шега. Успеа да погоди неколку прецизни удари во главата на противникот, но одговорот на Сент Пру беше немилосрден. Тој удри со лево кроше во брадата на Менифилд и го сруши на земја, а судијата побрза да го заврши мечот.
Така Сент Про си врати самодовербата откако претрпе три порази во последните четири битки. За Менифилд ова беше втор последователен пораз во ММА и прв со нокаут, бидејќи неговиот скор сега е 8-2.
https://www.instagram.com/p/CExwo18hSOs/?utm_source=ig_embed
УФЦ Фајт најт 176 – Резултати:
Алистер Оверем – Аугусто Сакаи со ТКО 5, 0:26
Овинс Сент Про – Алонсо Менифилд со КО 2, 4:07
Мишел Переира – Зелим Имадаев со завршница 3, 4:39
Андре Муниз – Бартош Фабински со завршница 1, 2:42
Брајан Келехер – Реј Родригез со завршница 1, 0:39
Вивијан Араухо – Монтана Де Ла Роса со одлука на судиите (30-27 х2, 29-28)
Хантер Азур – Кол Смит со одлука на судиите (29-28 x3)