Сент Пјер за неуспешната битка со Нурмагомедов: Дана Вајт ме излажа (ВИДЕО)

Легендата на УФЦ, Жорж Сент Пјер ја откри причината зошто не го видовме во октагонот против Хабиб Нурмагомедов.

Ова е една од битките на ѕвездите која очигледно никогаш нема да ја гледаме. И двајцата беа доминантни шампиони во своите категории.

ЖСП ја сподели причината поради која не се сретнале.

Дана ми се јави и ми рече: „Дали си заинтересиран за борба со Хабиб? Ме прашува, ме бара.

Беше чудно затоа што никогаш не сакав да го направам тоа. Но, бидејќи ме праша и ме бараше … иако јас не сакав, му реков дека сакам да видам што ќе се случи. Бев љубопитен. Ова е случај кога се работи со промотори – малку како игра шах.

Не одбив, туку прифатив. Му реков да размисли. Начинот на кој Дана зборуваше со мене беше како Хабиб веќе да прифатил. Но, тоа не беше вистина. Беше мамка за да се направи мечот.

Тие знаеја дека двајцата се повлекуваме од спортот, па почнаа да ме обработуваат, затоа што знаеја дека заработувам многу пари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО