Поранешниот шампион на УФЦ во полусредна категорија, Џорџ Сент Пјер (Канада), се надева дека ќе го пензионира актуелниот шампион на организацијата во средна категорија Мајкл Биспинг (Англија). Тие имаа закажана средба, но поради Канаѓанецот борбата пропадна.
„Многу сакам да го откажат. Тој го подобри мојот рекорд за најмногу победи во УФЦ. Има една победа повеќе од мене. Затоа сакам да го победам, а со тоа да забележам уште една победа. Веќе сум 36 години. Веројатно по овие два меча ќе ја завршам кариерата“, објасни Сент Пјер.
Сент Пјер изјави дека нема да биде подготвен да се бори пред ноември. Тоа значи дека Биспинг сигурно ќе направи еден меч дотогаш.
https://youtu.be/Tur3yjDLjvE
.