Сент Пјер сака понуда што не може да ја одбие

Жорж Сент Пјер е подготвен да се врати на борбите во меч со Хабиб Нурмагомедов. Сепак, ова нема да биде евтино за УФЦ.

Сент Пјер преговараше со УФЦ за борба со Нурмагомедов минатата година, но Дана Вајт одби да му даде шанса. Претседателот на УФЦ беше загрижен дека Рaш може да го победи Хабиб и потоа да ја одлободи титулата, како што направи по борбата со Мајкл Биспинг. На Сент Пјер не му се допадна ова и тој најави дека се повлекува од ММА во февруари 2019 година на прес-конференција во Канада.

Поранешниот шампион во две категории застана во серија од 13 последователни победи во ММА и е со статистика 26 победи и 2 порази. Таткото на Хабиб почина на почетокот од минатиот месец и сега шампионот планира да го исполни својот сон и да се бори против Сент Пјер, а потоа да се пензионира. Дана Вајт е подготвена да го исполни барањето на Хабиб, а Жорж исто така е подготвен да се бори, но организацијата ќе мора да работи напорно за да го врати еден од најголемите борци во кафезот.

„Сè уште сум во добра форма, но не затоа што чекам борба, туку зашто така ми се допаѓа. Не можам да кажам дека сум во форма за битка. Ако имав борба, тогаш ќе започнев камп. Во моментов сум во пензија, добро сум и влегов во Куќата на славните. Ако УФЦ сака нешто од мене, нека понудат понуда што не можам да ја одбијам. Тие знаат каде да ме најдат. Нека се јават“, порача Сент Пјер.

https://www.instagram.com/p/CCY1p3TJip0/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CDVCqjTpNtr/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО