Мајк Тајсон ќе оди на нокаут победа против Рој Џонс.

Мајк Тајсон планира да се оддаде на борба со Рој Џонс.

54-годишниот боксер се враќа по 15 години во рингот за да ги одмери силите со Рој Џонс во егзебициски меч во септември во САД. Нивниот дуел е во осум рунди, без судии и во случај на повреда мечот ќе биде прекинат.

Железниот Мајк успеа да победи со нокаут на 44 од своите 50 победи, а тоа значи нема да го жали противникот. Во интервју за ТМЗ, Тајсон рече дека ќе го нокаутира Рој ако му се даде шанса.

„Се чувствувам одлично. Ако се појави нокаут-можност, јас секогаш ќе ја искористам. Не знам во која рунда ќе се случи. Ќе видиме. Џорџ Форман не се грижеше за неговото здравје кога се врати. Нека не се грижи за нас. Кажете му дека ќе го сакам, затоа што се грижи за нас. Сега целосно сум посветен на битките. Јас се подготвувам за овие 8 рунди.

Сакам да му го покажам на светот. Многу луѓе го коментираат моето враќање и сум им благодарен за тоа. Не можам да дочекам да ја зграбчам славата. Не можам да го дочекам егзибицсикиот меч и да помогнам во добротворни цели. Имам искуство во борба и повредување на луѓе. Рој и јас сме професионалци и што ќе се случи ќе се случи“, рече Мајк Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО