Неподготвеноста на легендата на ММА, Жорж Сент Пјер, да се врати во кафезот за последна борба, се покажа како диктирана од неговата желба за нов развој на кариерата.
Канаѓанецот, кој напролет ќе наполни 40 години, се посвети на уметноста, сакајќи да го продолжи развојот како актер. Сент Пјер веќе глумеше во неколку продукции, вклучувајќи ги „Капетан Америка: Враќањето на првиот одмаздник“ и „Кикбоксер: Одмазда“, во кои соработуваше со неговиот идол од детството Жан-Клод ван Дам. Мини-серијата „Соколот и зимскиот војник“ ќе излезе следниот месец, каде што ќе го пресоздаде ликот на стрипот Барток.
„Почнав да го сфаќам посериозно и секоја недела одам на часови по глума. Театар, игра во камера, упатства за аудиција, часови по англиски јазик. Многу е работа и вложувам напор како и на тренинзите. Во боречките вештини, започнувате со бел појас. Во моментов имам еден во актерството. Повторно треба да се искачам на врвот“, призна Сент Пјер.