Сениорите се подготвуваат во Кочани за ЕП во борење во Будимпешта (ФОТО)

Сениорската репрезентација во борење се подготвоува во Кочани за престојното Европско првенство Будимпешта-Унгарија, од 28 март до 3 април.

На Европското првенство ќе настапат: 57 кг Владимир Егоров, 61 кг Бесир Алили, 70 кг Фати Вејсели,79 кг Дејан Митров и 97 кг Могамедгаџи Нуров.

Тренинзите се под водство Бобан Данов, како и на предводникот на репрезентативците во У-23, Абаз Емини.

На ЕП очекуваме Нуров да се вмеша во распределбата на медалите, а другите да приредат изненадување и да дојдат до одличје.

Спартак и Кочани заслужија да бидат домаќини на најдобрите борачи, откако успешно ги организираа Државните првенства за У-20 и У15, но и посветеноста на раководтсвото да го врати кулбот таму каде што му е местото – во врвот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON