Сениорите на Карате клубот Макпетрол, воедно и членови на репрезентацијата, освоија седум медали од кои 1 е златен, 3 сребрени и 3 бронзени на Меѓунардониот турнир за сениори во борби „Трофеј Македонија“ што денеска се одржа во Скопје.
Златниот медал го освои најдобрата каратистка во Македонија, Ангела Мојсовска, додека со сребрени се закитија Сара Радичевска, Абдурахим Идризи и Глигор Петков, а бронзи освоија Петар Заборски, Петар Спасеновски и Роберто Ацковски.
Успехот е оставрен во конкуренција на каратисти од пет балкански држави: Турција, Бугарија, Албанија и Косово.
Макпетрол резултатски ќе поминеше подобро доколку во екипата беа и повредените Симона Заборска и Давид Петков.
Ipon.mk