„Сите натпреварувачи го дадоа максимумот од себе за време на борбите. Јас не сум задоволен од резултатот, требаше да се вратиме од Светсково првенство со уште еден златен и уште со некој медал плус“, вечи селекторот на кик бокс репрезентацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко во првичната оценка за настапот на нашите репрезентативци на Светското првенство во Италија.
На СП освоивме само еден медал, и тоа златен, со кој се закити Димитар Ѓоргиев во лоу кик до 81 кг.
„Димитар заслужено си го освои златниот медал. Се бореше стабилно во сите борби и ги контролираше, притоа беше во водство во сите рунди. Тоа веќе не е среќен жреб, тоа е искуство и тренинг. Бобан е оштетен од босанскиот судија кој беше главен судија во рингот и кој не му даде казнен поен на српскиот борец за држење. Сспуштајќи се на партер го држеш Бобан, неприфакајќи борба, бидејки имаше мала предност во бодовите и гледаше да ја одржи. Доколку ја поминеше оваа борба, Бобан ќе стигнеше до златото. Другите противници беа послаби во жребот, така ќе беа две злата за Македонија. На противникот на Климент во последната секунда на крајот му дадоа поен без удар и му ја земаа бронзата. Марко имаше една победа, но втората борба ја изгуби. Сепак, покажа одлична кондициона и техничка подготвеност, при што искуството на противникот му донесе победа. Ова на Марко му беше прва борба како сениор на ваков официјален високо рангиран меч.
Викторија, Стефан, Роберт и Филип беа поразени во квалификациите. Во сите наши репрезентативци има потенцијал и квалитет за одлични борци и верувам дека на наредните вакви официјални настани ќе ја оправдаат мојата доверба и предвидување“, вели Митровски.
Резултати – СП:
Лоу кик
-65 кг Викторија Варадинова – Валетина Кери (Србија)
-57 кг Филип Ризов – Ала Атарбек Гурбуџан (Турција) 0-3
-63,5 кг Роберт Костовски – Темирлан Бекмуразаев (РКТ) 0-3
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Давид Дано (Италија) 3-0
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Милош Даковиќ (Србија) 3-0
Полуфинале
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Никола Николов (Бугарија) 3-0
Финале
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Никола Дробњак (БиХ) 3-0
Кик лајт
-84 кг Климент Грозданоски – Сами Јакоб (Германија) 1-2
+94 кг Стефан Михајловски – Јаспер Виндлер (Германија) 0-3
К-1
-63,5 кг Марко Тодоров – Бадр Јабали (Израел) 2-1
-63,5 кг Марко Тодоров – Тијаго Сантос (Португалија) пораз
-86 кг Бобан Илиоски – Адријан Бартл (Словачка) 0-3
-86 кг Бобан Илиоски – Александар Менковиќ (Србија) 0-3