Селекторот Чурлиновски верува во успех на репрезентативците на „Адем Јашари“

Алмир Нуришов (-56 кг), Јасин Лама (-60 кг), Артан Алиу (-64 кг), Лулзим Исмаили (-69 кг) и Алим Насуфи (-75 кг) ќе ја претставуваат Македонија на Меѓународниот боксерски турнир „Адем Јашари“ во Приштина, Косово.

Репрезентацијата за Приштина патува утре од Штип, каде што се на подготовки за „Златниот гонг“. Борбите се во петок, сабота и недела.

„Како прво, сакам да ја видам нивната подготвеност. Мислам дека ќе дадат се од себе да бидат во финалето. Најмногу очекувам Нуришов, Лама и Исмаили, а тоа не значи дека и другите не може да изненадат, затоа што добро се подготвени. Тоа е последна проврека пред учеството на „Златниот гонг“ во Скопје, вели селекторот на репрезентацијата Петре Чурлиновски.

Ipon.mk/В.Д.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON