АктуелноБорењеДомашна сцена

Сеќавање на Киро Ристов, роден е на денешен ден

Првпат стапнал на боречкиот душек на свои 10 години и од тогаш му останува верен до крајот на својот живот. Неговиот прв тренер бил Ристо Таков. Бил активен како борач цели 20 години. Првите успеси ги постигнува 1969 година, а кариерата ја завршува 1982 година. По завршувањето на борачката кариера работи како тренер во БК Балканец.

На денешен ден пред 73 години (11 февруари 1953 година) во Карбинци е роден легендарниот македонски борач Киро Ристов. Основно образование завршил во Карбинци, а средно во СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип. Високото образование го завршил во Скопје на Факултетот за физичка култура во 1981 година. На 11.06.1981 стапил во брак со Матилда Јозиќ исто така професор по физичко воспитување и заедно имаат три деца Киро Јуниор, Дејана и Тања Кироски.

Првпат стапнал на боречкиот душек на свои 10 години и од тогаш му останува верен до крајот на својот живот. Неговиот прв тренер бил Ристо Таков. Бил активен како борач цели 20 години. Првите успеси ги постигнува 1969 година, а кариерата ја завршува 1982 година. По завршувањето на борачката кариера работи како тренер во БК Балканец.

Во 1986 година заминува во Швајцарија како тренер на екипата Сенсе од Шмитен, а една година подоцна работи и како тренер на младинската репрезентација на Германија. Во 1989 се враќа во Штип и почнува да работи како професор во Гимназијата „Славчо Стојменски“ а истовремено работи и како помошник селектор. Стручно се усовршувал со репрезентациите на Русија, Бугарија и Романија.

Во времето кога требаше да донесе нови успеси на македонското борење како проверен експерт и професионалец трагично го завршува својот животен пат на 6 февруари 1990 година. Смртта го оддели од душекот и од неговите најмили, семејството – сопругата и трите тогаш, малолетни деца.

Од својата богата и успешна 20 годишна кариера во борењето оствари бројни успеси. За БК Балканец има учествувано и на 2 купа на Европските шампиони – 1973 година во КЕШ во Махачкала – СССР и 1974 година – во Софија каде Блаканец го постигна својот најголем успех – стана вицешампион на Европа. Како и полуфиналниот турнир во Вајфелден – Швајцарија – 1-во место за Балканец во чиј состав е и Киро Ристов со најдобри резултати.

Во 1984 година како тренер  БК Балканец станува државен првак на Југославија. Исто и во 1985 и во 1986 година.

Киро Ристов остава траен белег во македонскиот спорт како борач и како тренер. На неговите постигнувања ќе се сеќаваат претходните и идните генерации. Неговото име има место во „Златната ризница” на македонскиот спорт. Еден таков сјај никогаш не може да потемни. Во знак на сеќавање на овој боречки ас и како благодарност за афирмацијата на македонското борење ширум светот, БК Балканец за прв пат во 1994 година го востанови Меморијалниот традиционален турнир  во борење „Киро Ристов“ на кој учествуваат домашни и странски боречки екипи.

Боречки успеси на Киро Ристов:

Домашни натпревари

1965 година во категорија од 39 килограми – пионерски првак;
1966 година го повторува својот успех – пионерски првак;
1967 година како младинец го освојува третото место на Републичкото првенство во Скопје;
1969 година Младински државен првак до 52 килограми;
1970 година Младински државен првак до 65 килограми;
1971 година Младински државен првак до 70 килограми;
1972 година Младински државен првак до 75 килограми;
1973 година како сениор – државен првак до 74 килограми;

Европски првенства

1974 година во Мадрид – 6. место;
1976 година во Лудвигшафен – Германија – 9. место;
1976 година во Ленинград – Русија – 4. место;
1978 година во Софија – 14. место;
1979 година во Букурешт – 4. Место, најдобар југословенски борач и ја исполнил нормата за Светското првенство во Сан Диего;
1980 година во Превиџе – 12. место;
1981 година во Лоѓ – 12. место;

Светски првенства

1974 година во Истанбул – 9.место,
1975 година во Минск – 4.место,
1977 година во Лозана – 8.место,
1978 година во Мексико – 5.место,
1979 година во Сан Диего – 6.место,
1981 година во Скопје – 9.место.

Олимпијади

1976 година во Монтреал до 74 килограми од 21 борач – 8. место;
1980 година во Москва – 12. место.

Меѓународни првенства

1970 година Меѓународен турнир „Олимписки надежи“ во Бургас до 62 килограми – 5.место;
1972 година Меѓународен турнир во „Ландесмеистерсшафтен” – Германија – до 70 килограми – 1.место;
1974 година Меѓународен турнир во Лоѓ – Полска – 4.место;
1975 година Меѓународен турнир во Скопје – 3.место;
1976 година Меѓународен турнир во Брашов – 2.место;
1977 година Меѓународен турнир во Клермон – Франција – 3.место;
Меѓународен турнир во Кочани – 2.место;
Меѓународен турнир во Будимпешта – 3.место;
Меѓународен турнир во Будимпешта – 3.место;

На Балканските првенства ги има забележано следниве резултати:

Во Горна Ораховица – Бугарија – 3.место;
Во Анкара – Турција – 2.место;
Во Скопје – 1976 година – 1.место;

На Медитерански игри

Во Алжир – 1976 година – 3.место;
На 8.Медитерански игри во Сплит – 1979 година – 1.место;
На Македонски бисер – 1977 и 1978 година – 1.место;

На Универзијади

Во Софија – 9.место;
Во Букурешт – Романија – 1981 година – 3.место;

Награди и признанија:

Добитник на највисокото признание на Сојузот на организациите на физичка култура на Р.Македонија – наградата “25 Мај”;

Во Швајцарија го доби „Златното ѕвоно“ на Швајцарската боречка федерација за извонредните резултати како борач и тренер;

Добитник на наградата „8 Ноември“ на градот Штип;

Многупати најдобар спортист на Македонија;

12 пати државен првак на Југославија.

Во негова чест пред четири години е формиран Боречки клуб во Општина Карбинци со седиште во населеното место Таринци,кој го носи неговото име:

БК „Киро Ристов.

Вечна му слава!

Фото: Фејбук БК Киро Ристов

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON