Елмедин Сејфулаху (61 кг) и Бобан Савев (92 кг) се поразени на Европското првенство во борење слободен стил во Касписк, Русија.
Елмедин Сејфулаху загуби со технички туш 2-13 од Белорусинот Ниурхун Скрабин во квалификациите на ЕП. И Бобан Савев (92 кг) е поразен со технички туш 4-14 од Кирило Миешков од Украина.
Да потсетиме дека Могамедгаџи Нуров (97 кг) во репасажот со технички туш (11-0) го совлада Германецот Генади Чудинович и ќе се бори за бронзениот медал со Азербејџанецот Нурмагомед Гаџиев.
Ipon.mk