Елмедин Сејфулаху (-55 кг) се пласира во полуфиналето на Европското јуниорско првенство во Букурешт,Романија, откако во четвртфиналето со техничи туш го победи Адам Патрик Грозински од Полска.
Првата борба ја доби со туш над Украинецот Роман Гуцулјак при водтсво од 4-1 во втората рунда.
Во полуфиналето ќе се сретне со Абазгаџи Магомедов од Русија, кој е изразит фаворит, но Елмедин денеска се бори во одлична форма.
Вториот наш борач, Рамадан Мустафовски (-84 кг), беше совладан со технички туш (12-0) од фаворитот Борис Чакулов од Русија. Ова е и шанса за Мустафовски во репасажот да оствари добар пласман, под услов Русинот да стигне до финалето.
Вчера Ријад Реџепи беше поразен со технички туш (11-0) од Британецот Џорџ Ентони Рам, кој го освои првиот медал за Обединетото Кралство, искористувајќи го поволниот жреб.
Допонување: Сејфулаху изгуби со технички туш од Магомедов со 0-10 (0-2, 0-4, 0-6, 0-8 и 0-10).
Ipon.mk/В.Д.