Ентони Џошуа со нокаут ја одбрани светската титула (ВИДЕО)

enthony joshua breazea borba

Ентони Џошуа (17-0, 17 КО) во Лондон, каде што ја освои светската титула, за прв пат ја одбрани шампионската круна.

Поранешниот олимписки шампион со нокаут во 7 рунда го победи во првата доброволна одбрана на титулата претходно непоразениот Доминик Бризил (17-1, 15 КО).

На Бризил веќе во втората рунда почна да му се затвора на десното око, но во неа речиси беше нокаутиран. По комбинација лев директ и десен аперкат се затетерави и преживуваше во борбата со јажињата. Во третата, Џошуа пласира цврст преден директ во брадата, а потоа и лево кроше, но брадата на Американецот издржа.

Во еден од ретките напади, Бризил, кој чекаше прилика од контранапад, во петата рунда со преден директ тргна напред, но Џошуа го начека со левото кроше. Потоа Ентони пласираше неколку одлични предни директи, па коминација 1-2. Американецот враќа со десен директ.

Во 7 рунда Џошуа го собори Бризил со десен директ по левото кроше. Предизвикувачот успеа да се подигне, но шампионот намириса крв и го заврши.

Крис Јубенк Јуниор четири пати го соборуваше Том Доран на патот на одбраната на титулата првак на Британија во средна категорија. Борба е прекината во четвртата рунда. Во следната борба Јубенк Јуниор би можел да се бори со Генадиј Головкин.

Џорџ Гровс со едногласна одлука на судиите го победи Мартин Мареј – 118-110, 118-110, 118-110.

https://youtu.be/J5LWIOTB-_E

https://youtu.be/EXU9F6ItMUs

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО