Само неколку недели по неговата победа на УФЦ 192, Сејџ Норткат добие нов меч. Тој на 10 декември ќе се бори на УФЦ Фајт најт 80 против Коди Пфистер.
Норткат влезе со страотен тресок во редовите на УФЦ, победувајќи го со нокаут Франциско Тревино за помалку од една минута.
Коди Пфистер има скор во УФЦ 1-1, кој во последниот дуел го победи со судиска одлука Јосденис Седено на УФЦ 189.
Нивната борба ќе биде подглавна на настанот.