Сејџ Норткат доби нов противник за настапот идниот викенд

Northcutt-vs-Barberena

Сејџ Норткат идниот викенд ќе го одработинеговиот трет меч во УФЦ, само осум дена пред борбата тој го доби новиот противник, бидејќи Андреј Холбрук откажа поради повреда.

Тоа требаше да биде битка на двајца непоразени борци, но Холбрук (11-0, 1-0 во УФЦ) не ги помина подготовките без повреди и останува без одлична можност да ги демонстрира своите квалитети против новата ѕвезда на УФЦ. Организацијата реагираше брзо, а оној кој одлучи да ја прифати борбата само една недела пред одржувањето е Брајан Барберена (10-3, 1-1 УФЦ).

Станува збор за 26 годишно момче кое се подготвуваше за настап на 21 февруари против Џонавин Веб, но сепак одлучи да ја прифати борбата против Норткат. На УФЦ настапил два пати, а во последната борба е поразен од Чад Лаприс. Пред тоај успешно дебитираше, совладувајќи го Џо Еленбергер.

Реално гледано, станува збор послаб противник на хартија за Норткат, отколку што требаше да биде Холбрук, но Барберена верува дека ќе изненади. На Норткат ова му е трета борба за само четири месеци, откако дебитираше во рамките на организацијата. Оваа борба е во рамките на главната програма на настанот УФЦ на Фокс 18, а веројатно тоа е големата причина поради што Барберена прифати да си ги испроба силите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON