Викендов Џудо клубот Сеишин со повеќе активности во Макеоднија и Србија, односно на 1 ноември клубот со тренерот Дејан Мицкоски беше гостин на ЏК Џунс од Нови Сад, кои одржаа заедночки тренинг под раководство на проф. д-р. Славко Обадов 9 дан и Мицкоски 2-дан.
Наредниот ден Сеишин по покана на Џудо федерацијата на Војводина учествуваше на 1. Меморијален меѓународен турнир „Великаните на Војводина”.
На турнир учествуваа над 700 натпреварувачи од околу 55 клубови од 7 држави. Членовите на Сеишин на овој високо квалитетен и исклучотелно тежок турнир освоија 4 бронзени медали во кадетска конкуренција: Теодора Димеска и Ема Димитријоска во категоријата до 48кг, Марија Талеска до 52 кг и Јован Најдоски +90 кг.
Друг дел од клубот предводени од мајстрите Чадамов и Ѓураков настапија на турнирот „Прилеп опен 2019“ и освоија 8 медали- 2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени.
Медалите ги освоија:
1.Борис Џагадуроски 1 место
2.Теа Настоска 1 место
3.Марио Цинцароски 2 место
4.Никола Магдески 2 место
5.Димитри Џокоски 2 место
6.Петар Врглески 3 место
7.Стефан Врглески 3 место
8.Андреј Сотироски 3 место.