Џудистите на Сеишин од Прилеп се со учинок 4 од 4, со 4 натпреварувачи освои 4 медали – 3 златни и 1 бронзен на Меѓународниот турнир „Матсура куп“ за сениори и ветерани денес во Солун, а во организација на ЏК Ираклис – Грција.
Сеишин е прогласен за најуспешен странски клуб на турнирот, а Киро Здравевски за најуспешен ветеран.
Медалите ги освоија:
Сениорки
1.Магдалена Најдоска – златен
2.Избаела Кузева – златен
Сениори
3.Марио Цинцароски – бронзен
Ветерани
4.Киро Здравески – златен, и е прогласен за најуспешен во ветеранска конкуренција.
На овој турнир екипата успешно ја предводеше и дебитираше во улога помошник на тренерот и асистент во клубот Теодора Димеска, која моментално не се натпреварува поради рехабилитација на повреда.