Сеишин најуспешен џудо клуб во 2021 година

Според учинокот на сите државни првенства во џудо, екипата на Сеишин од Прилеп е најуспешна во 2021 година во ранг-листата што ја објави Џудо федерацијата на Македонија. Сеишин освои вкупно 180,5 поени.

На втората позиција е Ипон-Скопје со 177 поени, а трет е Миоки-Скопје со 171 поен. Потоа следат Дрим-Струга 134,5 поени, Пролетер-Прилеп 97, Кожувчанка-Кавадарци 67, Работнички-Скопје 33, Преспа-Ресен 31,5, Гладијатор-Кочани 29,5, Сенсеи-Радовиш 10, Пелистер-Битола 8,5 итн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON