Сеишин и Детската амбасада за сите деца во светот потпишаа Меморандум за соработка

Џудо клубот Сеишин и Детската амбасада за сите деца во светот со седиште во Прилеп потпишаа Меморандум за соработка на Светскиот ден на џудото кој во иднина треба да ги зближи овие две организации кон заедничката цел – придонесот во градењето на хуманистичкото општество.

Меморандумот го потпишаа генералниот секретар на организацијата Петар Стојаноски и претседателот на Сеишин Дејан Ширкоски.

„Со овој меморандум ќе им се пружи можност на голем број членови од двете организации да земат активно учество во активностите на проектот „Заедно посилни“ кој веќе 10 години се реализира од страна на Детската амбасада и опфаќа деца од целата територија на Прилеп,  кој е од гоелмо значење како за децата, така и за Општина Прилеп. Со него се испраќа јасна порака на национално ниво. „Заедно посилни” е мото кое не обединува двете организации, а под кое мото децата се едуцираат со трендовите на демократијата и човековите права, првенствено со трендовите на правата на детето, со развојот на техничко-технолошките вредности и се социјализираат во насока на остварување на нивните права и обврски како и несебично даваќи придонес во градењето на хуманистичкото општество“, истакнаа потписниците на Меморандумот.

Со Меморандумот се отвора нова можност за правилен психо-физички развој на децата од општината.

„Ние заеднички повикуваме и очекуваме кон оваа програма да се приклучат и други организации кои ќе дадат свој придонес во градењето на хуманистичкото општество“, истакнаа протагонистите на соработката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON