Џудо Клубот „Сеишин“ од Прилеп во соработка на Бизнис академијата Смилевски (БАС)“ и овозможува стипендии за студирање на додипломски и постдипломски студии на Одделението за дисперзирани студии –Битола на своите челнови.
„Поконкретно, станува збор за остварување на соработка и поддршка меѓу двете организации, при што е договорено стипендирање на одреден број членови на клубот Сеишин во текот на школската година врз основа на одредени критериуми. Членовите на „Сеишин“ ќе можат да користат стипендии за студирање на БАС за додипломски студии за оперативен менаџмент и постдипломски студии за стратегиски менаџмент, почнувајќи од учебната 2016/17 година“, изјави тренерот на клубот Дејан Мицкоски.
Така на 7 март на џудистите и беше презентирана на програмата за студирање на „БАС“ од страна на проф.д-р Тони Соклевски и доц.д-р Лидија Стефановска.
„Членовите на клубот беа задоволни од извршената презентација и изворно се информираа околу останатите детали за студирање. Потоа џудистите презентираа дел од вештините на џудото како олимписки спорт. ЏК Сеишин во следниот период ќе продолжи да работи на овозможување дополнителни услови за своите членови, со цел остварување поголеми спортски резултати“, истакна Мицкоски.
Ipon.mk/В.Д.