На Државното екипно првенство за сениоркиски микс тимови, кое денес се одржа во Скопје, учествуваа 4 екипи од 4 клубови, при што Сеишин ја освои вицешампионската титула.
По остварените победи над Пролетер и Дрим, во финалната борба се сретна со Миоки од кого загуби и се закити со сребрен медал во екипна конкуренција.
Тренерите Дејан Мицкоски и Мартин Ристески кои го предводеа клубот се задоволни од прикажаното на екипата која беше со помлад состав од кадети и јуниори и со сигурност во иднина ќе освојуваат и поголеми резултати.
Со овој натпревар е завршен циклусот на државни натпревари за 2023 година.