Поранешниот двоен шампион Хенри Сехудо е подготвен да се врати во игра доколку му дадат борбе за титулата во перо категоријата со австралиско – македоснкиот борец Александар Волкановски. Минатиот месец, 33-годишниот борец ја одбрани титулата петел категорија против Доминик Круз и го најави пензионирањето од ММА. Сехудо застана во серија од 6 последователни победи и со скор од 16-2 во кафезот.
Во интервју за ТМЗ, Сехудо рече дека сака да биде различен и да освои титула во трета категорија. Сака да биде првиот борец во историјата на УФЦ кој ќе освои три титули во различни категории. Задачата нема да биде лесна, но е подготвен да го преземе тој ризик.
„Успеав да постигнам сè во ММА. Задоволен сум од мојата кариера. Има само една битка што ме возбудува и ќе ме натера да се разбудам наутро. Тоа е борба против возрасното џуџе Александар Волкановски. Со задоволство ќе го натерам да падне на колена. Тој веќе е на половина кон тоа. Сакам трета битка, за да сум различен.
Веќе има доста двојни шампиони. Очигледно има само еден „Трипл Ц“, кој ги освои титулите во категориите мува и петел, како и златото на Олимписките игри. Сепак, сакам трета титула да се етаблирам како најголем во историјата на ММА“, рече Сехудо.