Поранешниот двоен шампион Хенри Сехудо сака да се обиде за титула во трета категорија. 33-годишниот Американец се повлече пред неколку месеци откако ја одбрани титулата во петел категорија со победата над Доминик Круз. Хенри застана на скор 16-2 во ММА и е во серија од шест последователни победи.
„Трипл Ц“ не престанува да навестува враќање и има само една борба што го возбудува. Сехудо сака да се бори со Александар Волкановски, кој е шампион во лесна категорија на УФЦ.
На својот профил на социјалните мрежи, Хенри го советуваше Дана Вајт да не плаче за Доналд Трамп, кој ги загуби изборите во САД, туку наместо тоа да ја организира битката помеѓу Сехудо и Волкановски. Носителот на златниот медал им нуди на двајцата да бидат тренери во Ултимејт фајтер.
„Дана Вајт, избриши ги солзите од изборите и дозволи ми повторно да го направам Ultimate Fighter одличен. Сехудо против Волкановски како тренери на ТУФ е најдобрата опција во моментов“, напиша Сехудо.
https://www.facebook.com/henrycejudo/posts/3724461177565482