Пензионираниот Хенри Сехудо сè уште притиска за меч со кој ќе направи историја.
Поранешниот шампион во мува и бантам категорија на УФЦ не ја крие желбата да ја нападне третата титула во УФЦ во кариерата, па неодамна изјави дека ќе се врати на борбите за дуел со актуелниот шампион од перолесна категорија Александар Волкановски.
„Сакам трета титула затоа што сакам да бидам различен од другите. Сакам да се запишам во историските книги како најголем ММА борец на сите времиња“, откри Сехудо неодамна во интервју за ТМЗ.
А еднаш Волкановски потврди дека е заинтересиран за мечот, Сехудо реши да го подигне влогот и понуди интересен облог.
„Ако некогаш се вратам во ММА, тоа ќе биде заради главата на тоа постаро џуџе. Би се обложил на мојот олимписки златен медал, двата појаси и на „мојата прва девојка во животот“ дека нема да издржите повеќе од две рунди против Трипл Ц“, напиша Сехудо на Твитер, кој, да спомнеме, најверојатно го цитираше Шон О’Мели во овој дел со девојката, кој неодамна го наведе како прчина з анеговото повлекување во пензија, истакнувајчи дека „Сехудо сега ја пронајде веројатно првата девојка во животот“.
Сехудо, да потсетиме, реши да ја заврши кариерата веднаш по победата над Доминик Круз (9 мај), а доколку се врати и го победи Волкановски, тој ќе стане првиот што ќе освои титули во три различни категории на УФЦ. Се разбира, еден од предусловите за тоа е скриен и во настанот УФЦ 251 што ќе се одржи на 11 јули. Тогаш, шампионот од Австралија прво мора да го одбрани својот појас во реваншот со Макс Холовеј.
If I ever comeback to MMA it’s going to be after your head your overgrown midget. I’d bet my Olympic Gold medal, my two belts and “my first girlfriend ever”, that you wouldn’t make it pass two rounds with Triple C! #bendtheknee @alexvolkanovski pic.twitter.com/k3uJzRYNIb
— Henry Cejudo (@HenryCejudo) June 18, 2020